Детали за новост
Екстерно тестирање нема да има оваа година
(18.05.2009 03:00) автор Nikolina Milevska

- Македонските учениците од основните и средните училишта оваа година нема да полагаат екстерни тестови.
Уставниот
суд денеска поведе постапка за одредби од законите за основно и средно
образование, што се донесени во јули 2008 година, а кои се однесуваат
на екстерна проверка на знаењето на учениците, за Макфакс потврдија од
Уставниот суд на Македонија.
Судот изрече привремена мерка за запирање на извршувањето на актите и дејствијата што се базираат на законските одредби.
Според
извори од Уставниот суд, конечна одлука легитимноста на екстерното
оценување судот би требало да донесе за околу два месеца.
Екстерното
тестирање за прв пат требаше да биде спроведено оваа година, со што ќе
беа опфатени учениците од четврто до осмо одеделение и од прва до трета
година средно образование.
Матурантите со неколку дневни
протести успеаа да бидат ослободени од екстерното тестирање, кое што
има за цел да го оцени знаењето на учениците и да ја процени
објективноста при оценувањето на наставниците.
Министерството за
образование и наука и покрај протестите и на останатите ученици остана
цврсто на ставот дека ќе има екстерно оценување.


