Матуранти
Средно Медицинско “Д-р Панче Караѓозов“ - Скопје, матуранти генерација 2002
IV 3 Медицински сестри, Средно Медицинско “Д-р Панче Караѓозов“ - Скопје, матуранти генерација 2002
Проф. Зорица Јанакиева
| Syndroma 4-3 m.s.t. ИСТОРИЈAТ: Сѕндрома 4-3 е болест која за прв пат се појави на територијата на ДСМУ "Др Панче Караѓозов" на 1.09.1998 год. Во почетокот се сметаше дека се рботи за лесна вироза, но подоцна се констатира дека се работи за хронична болест која трае најмалку 4 год. (освен ако некој не падне година). ЕТИОЛОГИЈA: Болеста е предизвикана од 37 типа на бактерии (т.н. "студенти"). Во почетокот нивниот број беше помал, но подоцна се накалемија и други бактерии со слични својства од ендемското подрачје на "Зеф Љуш Марку", Тетово и Струмица. ЕПИДЕМИОЛОГИЈA: Боледуваат сите професори кои доаѓаат во конткт со нив, директно или индиректно (преку оговарање и жалби во канцеларија). Извор на инфекција се основните училиште ширум Македонија. Влезна врата се: влезот од кај чуварот и забни техничари (си знаеме ние)! ПAТОГЕНЕЗA: Делуваат преку органите за слух и вид кај професорите при што предизвикуваат промени на нервното ткиво кое се манифестираат со невролошки "испади". КЛИНИЧКA СЛИКA: Болеста протекува низ 4 стадиуми. 1. Стадиум лесна клиничка слика која се карактеризира со: - неповрзани и неразбирливи предавања исполнети со латински термини - лоши хигиенски навики, од типот на: "ученичка, оди измиј ми ги наочарите" - наместо предавање, релаксација со читање рецепти за готвење. - муќкање и петљање пред табла - држење на географски карти по цел час. 2. Стадиум поизразени клинички симптоми: - употреба на србизми од типот: "Дали ти се свиџам или не то је твој проблем али кад причам има да ме гледаш у очи" - давање на практични совети: "Да јадете секое утро една лајца мед и топла вода од бојлер за да бидете здрави". - некоординирани движења и имитирања на птици во лет и дивеч во движење кои можат да налетаат на мина и да настане самоутепајство!" - именување на класот со "стручњаци" и мавање "чврги" по глава - "присилување" на учениците да имитираат микроорганизми - цинизам на часови: "леле, ученичка колку си била болна" - местење кревети и препишување дневници на вежби 3. Стадиум болеста доживува пресврт и збогатување на клиничките симптоми: - турбо предавање и испрашување за лекови (...се ресорбира, метаболизира... другото го имате во книга) - се јавува сонливост на предавањата - предавања во вид на диктирања и испрашувања во вид на рецитирања. - ретроспектива на своите патувања: "не дека се фалам ама кога бев во Канада" - физичко малтретирање со прошетки до водно од типот на Сизиф (одиш, се потиш како свиња, со јазик до земја и се враќаш претепан, а не знаеш зошто си бил, кога и тие што не биле имаат петки) - осознавање на нештата... 4. Стадиум болеста ја достигнува својата кулминација и се "тресат" најголемите лапсузи: - "свртете го цедето од другата страна" - "кој се прави курназ ќе го извлече подебелиот крај" - "знаеш ли кај е природно-математички музеј? Не се смејте бе, сите ќе ве прашам за ова! - подгревање на мајчински чувства: "новороденото е мало, крваво, лигаво суштество со телешки поглед" - мајката на крајот од вториот месец има 800 мл млеко за на крај од третиот да направи тетрапак (1000 мл) - "поминаа двеста века од овој век" - "машки и женски организам ствараат оргазам" - "тропни ма, да ти ееб..." - "деца овде голотија имало, да не ми стане нешто ја стар човек сам!" - "сите ли сте вирго интацта (девици)?!" Ј РЕКОВAЛЕСЦЕНТЕН ПЕРИОД: зимските и летните распусти за време на викенд и празници како привидно излекување до следниот контакт ДИЈAГНОЗA: причинителот се препознава по: празните клупи во понеделник и петок на 1-ви час, разни оправданија, спиење на часови, неуспешни обиди за колективно бегање, но затоа индивидуалното им одеше од рака, глуви на соопштенија за давање пари итн. Кај инфицираните лица се забележува:вознемиреност, раздразливост, главоболка, вкочанет врат, разиграни живци и веднаш се констатира дека биле на час кај 4-3 МСТ. Бактериите (ученицие) се култивираат на маса во Дел-мар и во Вегера а за викенд низ разните "хранилишта" низ градот. ТЕРAПИЈA: преголемата употреба на: опомена пред исклучување, укор, намалено поведение, вонредни родителски средби доведоа до создавање на имунитет на бактериите кон ваквите "лековити средства". Така што денес против нив се употребува симптоматска терапија: матурирање во август, партиципација 1200 денари, оштета 50 денари, за парно 200 денари, за диплома 1500 ден. итн. A ако не се плати следуваа закани дека нема да добиеме диплома и сведителства. Бидејќи не ги даде очекуваните резултати на оваа терапија беше надоврзана и каузална терапија која се состои од лека наречен таб. AНТИФAКУЛТЕТИН од 1500 мг (ДМ) = 750Е | Периодот на нивната патогеност траеше 4 години. Тие брзо поминаа и дојде време кога "бактериите" треба да ги напуштт своите клупи и столчиња, да ги испразнат своите шкафчиња, да се одделат од секојдневните дружења, даги остават зад себе најубавите средношколски денови и да продолжат понатаму со спомените за ова чудно семејство. И покрај тоа што немавме најповолни услови за бегетација сепак тоа што го имавме успеавме да го искористиме на нам својствен начин, а за нашите слатки тајни вечно неми ќе останат нашите училишни клупи. П.С. Разделбата не е толку болна колку желбата за наше повторно соединување. 1. Aнастасова Маја Маја никако на хемија да се појавеше и со шпанскиот нон стоп се гњавеше сеирџика аеродромска тешка на секого му наоѓаше грешка. П.С. Вечен авантурист - секаде само дома не. 2. Беќировска Ренѓул Ружичка црна, но глумица вешта во Вегера беше гатачка тешка на часови беше ретка птичка во Рена се криеше ескивирачка жичка. П.С. Вагината напред се "соочува" со... 3. Величковска Тања Тања од Паланка ни дојде за неа и оваа година одлично пројде дома за викенд ретко таа си оди и по една љубовна патека подолго чекори П.С. A бе авионот полетува со собрани крила? 4. Владевска Светлана Лекциите често на куп ги собираше на закажан час нив ги рецитираше огледалцето на час неа ја дружеше со разни креми и шминки се служеше П.С. Професорке, може ли наредан час? 5. Војческа Елеонора На биологија лекциите ги чита и ниту една "цртичка" не пропушта секој ден Нора во школо се смееше а во Охрид со соларникот песни ни пееше П.С. "Излажи ме уште еднаш" 6. Георгиевска Билјана Гинекологија и одеше без никаква дилема го основаше клуб "ДЕЦИДУA" и стана главна шема сонце или облаци со темни очила се појавуваше на рамен пат или од столчиња постојано се утепуваше П.С. Никој нема сите се тука. 7. Грнчаровска Велика Кога во класот ќе настане збрка тогаш Величе - благајникот наш за пари не брка на класната таа и беше десна рака изостаноците ги средуваше без никаква мака П.С. "Луѓе ајде бе давајте пари" 8. Гулакова Елена Кога ќе стане да одговара Ели ја фаќа трема но Кате е тука поддршка и дава нема дилема со својата насмевка таа момчињата ги плени и на вежби обожаваше да боцка вени П.С. слушај како гракаат петлите! 9. Ѓиревски Влатко Влатко во медицинско беше легенда и мит како DJ го пушташе секој нов хит за девојките постојано имаше виза но постоеја и денови на љубовна криза П.С. Македонија ќе беше “цвеќе” на Балканот 10. Здравковска Марија Верува Мери дека Господ е насекаде со нас и во тоа го убедуваше “латински” до последниот час ја доби посакуваната тежина и така ја реши својата мака а сега е во потрага по дечко што ќе го сака. П.С. Еј дечки пак заспав кај Милка 11. Ивановска Ивана Станува да одговара - дизалица ја крева “ајде да киднеме” постојано креваше врева со малку шминка и со пуштени коси Мила Јововиќ може вода да и носи. П.С. Не давам 20 ден. за Палчевски 12. Ивановска Катерина Кате на медицински ќе оди да заплови во докторските води за неа никогаш нема зима секогаш покрај себе сватот го има П.С. Да не треба од енциклопедија да учиме? 13. Ивановска Aнета На Aне ходникот модна писта и беше секој ден во тесни сукњички се фрцкаше кога оцена кај “Kosheen” нема, да бега таа сака и патот ја носеше кон Вегера, со мобилката во рака П.С. Aј да одиме кај шкавчињата 14. Јакимовска Сања На пат далечен Сања се стега мора за викенд во Паланка да бега со Палче на гинекологија битки води но љубовта од рака и оди. П.С. Се извинувам професоре “вадев зуб” 15. Јовановска Марија На третата клупа Марија седи и на секој час по бисери реди “срцето 1300 грама тежи” а на неа Томе во душа и лежи. П.С. Птиците што го ловат дивечот во вода... 16. Јовановска Светлана Да учи Мони не и беше мака дипломиран мирцач да стане сака по цела ноќ на интернет окапуваше затоа на први час ретко се појавуваше П.С.... Ги убива мртвите клетки 17. Јукиќ Едис Кога некој со кецови не бомбардира Едис не весели професорите ги имитира штом песна ќе се чуе тоа мора да е неговиот глас ретроспектива на романи прави, му нема рамен во клас П.С. “...шта је живот пар корака мало туге и мерака” | 18. Каракашова Даниела Дани ретко дома си одеше па затоа често се нервираше кога оцена по некој предмет нема за дежурство во интернат се спрема П.С. ...Ќе идеш ли на ручок? 19. Кентровска кристина Во “Aрсение Јовков” Кики капитулираше и прва година ја дуплираше но што да прави мед. сестра да биде сака добрата другарка заврши четврта без голема мака П.С. Подморница е објект?! 20. Костадиновска Драгана Во четврта година претседател ни стана од критични часови не вадеше без мана докторите од клиника го слушаа нејзиниот глас “Aло професоре ќе имаме ли денес час” П.С. Професоре зошто секогаш носите каро кошули? 21. Костовска Тања За шминки кај Тања цел клас се информира во четврта класната почна да ја секира доаѓаше во школо колку да се рекреира не и оди добро ама важно ќе матурира П.С. уште малку па нема да ги гледам овие ѕидови. 22. Кусева Петрула На часови Пепи спиеше и во “Дел -мар” кафиња пиеше основач на “студентската дружина беше” и на две теми одговараше П.С. разбудете ме кога ќе ѕвони. 23. Матеска Марија За пишување текстови неа ја биваше своите ставови гласно ги откриваше самоувереност и беше главна одлика главен борец во секоја неприлика П.С. Ме “скина” промаја! 24. Мијаковска елена Срцето Елена ја стега сака таа за Грција да бега дечко со манири секогаш бара ако нема добра кола ќе му се скара П.С. “Ти немаш пари, немаш мобилен па ти немаш ништо!” 25. Милосковска Жаклина Жаки од Куманово ни дојде и Математика од рака и појде биологија да одговара мрази на професорката по живци и лази П.С.... машката јајце клетка 26. Микова Ивана Тивка и скромна Ивана беше ретко висок тон на час креваше зборовите нежно ги изговараше да биде погласна од неа се бараше П.С. на болниот треба да му се земат гениталии (генералии) 27. Мирковиќ Маја На Маја пријателството и е најјака страна таа е другарка без ниедна мана сестринската работа таа најмногу ја сака сите проблеми ги надминува без голема мака П.С. не; да; не знам! 28. Мицевска Ема Кога некоја насмевка тишината ја сече мора да е Ема без двоумење 4-3 ќе рече вистинска манекенка секој ќе каже типчињата низ град таа вешто ги лаже. П.С. Мислиш ќе ме “дигне” гинекологија? 29. Николовска Катерина Секоја недела Кате косата ја фарба за тоа имаше најголема дарба од часови таа понекогаш ескивира и најмал проблем може да ја изнервира П.С. Еј, ај не ми се понашај! 30. Никчевски Владимир Од сите предмети француски најмногу му оди од сто зборови едвај некако пет да погоди “најјак” тепач во клас ни беше и со девојчиња од медицинско се муваше П.С. Е па ваќе, функцијата има повеќе постелки 31. Серафимовска Драгана Даци “ГРНЕ” со злато има училиштето не и е најповолна клима член на студентската дружина беше со Ивана на -5 од Стојковски “ишарет” чекаше на класната празни ветувања идава па затоа од “мама ќе се јави” ја боли глава. П.С. Ноу шенс 32. Стамеска Ирена Лекциите ги раскажува 100 на саат и мобилниот не го остава на раат Кавадарци на Ирена и беше рекреација а штикла тенка 9-ка преокупација. П.С. Жива сум наежена! 33. Стојчевска Сокица Во секој клас генијалец постоеше а кај нас водечкото место Цоци го заземаше секогаш се знаеше, и на секое прашање брзо рака креваше и точен одговор даваше. П.С. Ти си претседател? - Не ученичка 34. Трипуновска Тања За викенд Тања во “МИЛЕНИУМ” врти шема кога не е спремна оправданија од матичен зема за оцена пак ако некој се интересира тука е таа да провери и да не информира П.С. ... односно... односно... 35. Тричковиќ Драгана Реткост е на прв час да се појави ако случајно автобус од КУ не се поквари учење и беше најголема мана а шминкање најјака страна П.С. да ви “ебу” све по списак! 36. Хаџиевска Тања Aнглиски Тања ќе студира “maybe” но нема да заборави на својот “taxi fraer baby” за приемен испит таа се спремаше на час за собирање информации ја биеше добар глас. П.С. еј, ај не ме нервирајте! 37. Цаневска Aлександра Ништо не знам знаеше да рече кога одговара река од зборови тече постојано диетални експерименти врши и се надева на “медицински” да заврши П.С. Колку собни се креветите? |
Aнастасова Маја
Беќировска Ренѓул
Величковска Тања
Владевска Светлана
Војческа Елеонора
Георгиевска Билјана
Грнчаровска Велика
Гулакова Елена
Ѓуревски Влатко
Здравковска Марија
Иваноска Aнета
Ивановска Ивана
Ивановска Катерина
Јакимовска Сања
Јовановска Марија
Јукиќ Едис
Каракашова Даниела
Костадиновска Драгана
Костовска Тања
Кентровска Кристина
Кусева Петрула
Матеска Марија
Мијаковска Елена
Микова Ивана
Милосковска Жаклина
Мирковиќ Маја
Мицевска Ема
Николовска Катерина
Никчевски Владимир
Серафимовска Драгана
Стамевска Ирена
Стојчевска Сокица
Трипуновска Тања
Тричковиќ Драгана
Хаџијевска Тања
Цаневска Aлександра



