Матуранти
Д.С.Г.У. “Здравко Цветковски“ - Скопје, матуранти генерација 2002
Г IV а Градежни техничари, Д.С.Г.У. “Здравко Цветковски“ - Скопје, матуранти генерација 2002
Проф. Волканова Елена
| МАШИНОВОЃАТА И 18 ПАТНИЦИ Четири години напорни и тешки за нас беа само смешки. Ние сме навистина добар клас но за жал не бие лош глас. Учењето ни беше слаба страна и тоа на класната и правеше рана. Бевме една неразрешена мистерија од која сите професори фаќаа хистерија. Изостаноци се редеа, глупости се правеа, а професорите во канцеларија класната ја гњавеа. Кога класната во класот ќе свратеше, таа за глава ќе се фатеше. Нејзините ученици чуда направиле од час избегале, единици им ставиле. Тешко со нас се излегуваше на крај па затоа сите професори со душа го чекаа мај. 1. Анастасиески Симе Симе на факултет да оди сака, но тоа за него нема да е мака. Инжењер ќе е тој славен на кого ќе му нема рамен. П.С. Леле врска немам 2. Благојевиќ Игор Конечно Игор во школо дојде за и оваа година така да ја пројде. На часови да седи му беше мака па затоа од нив да бега сака. П.С. Црни 3. Величковски Бранимир Бане Бане беше мирен тип, но и на него му се откачи некој чип. Порано беше најмирен во клас, а сега стана еден од нас. П.С. Од каде бе пет кеца | 4. Гиевска Маја Маја е наша девојка фина, но и згрешиш ли нешто исто како да си згазнал на мина. П.С. Сега сум јас на ред 5. Голабовски Гоце Цуко Кога нешто не му е јасно Цуко се буни гласно. За ништо тој време нема само за во "ФОКС" се спрема. П.С. 3,00... Ајде да си одиме 6. Денковиќ Никола Коле Луд, бесен и незаинтересиран но за се беше информиран. Коле сите професори го сакаа, па затоа главата од ѕид ја акаа. П.С. Иле фати ритам 7. Делев Жарко Чаки Жаре секогаш мудро ќути и зад грб на сите нешто мути. Тајното жарче кога има мака туѓи совети не сака. П.С. Боте, ИНТЕР шампион?! 8. Дугалиќ Оливер Оли Нашиот претседател Оли се вика, се бори за класот во секоја прилика. Како да не извини планови крои, но деновите од мандатот почна да ги брои. П.С. Од кај да знам па јас 9. Илиевски Дејан Дени Кога треба да одговара на Дени му е лошо, а ни професорите не знаат зошто. Добро дете со скриен талент лепи цури во погоден момент. П.С. Сите ќе патите... 10. Јаниќ Дејан Шпиц Шпиц знаеше на час да се откачи и по нешто во кладилница да закачи. За неоправдани му немаше спас, но за среќа остана со нас. П.С. Скитник... 11. Кикерковски Антонио Тони Ако на Тони некој му смета тој веднаш го праќа да шета. Никој на него не смее да му писне затоа што тој одма ќе му врисне. П.С. Пушен, напушен тројки 12. Марковска Катерина Кате Кате за школо гајле си нема, на секој час други планови спрема. За неправда таа често се лути и на ниеден професор не му ќути. П.С. Седи, не ме знаеш | 13. Николов Марија Маре Нашата Маре во втора клупа седи и постојано петки реди. Таа е другарка права но за нокти и фризура не се зафркава. П.С. Професорке извинете што доцнам... 14. Петковски Васе Васе е интелигенција права комплименти на девојчиња стално дава. Тој цури сонува и на крајот во спортот потонува. П.С. Аспарух калашњиков звани анаконда 15. Стојкоски Бошко Боте Боте ни беше во "ФОКС" главен и во клас бегач славен. Со по некој професор се кара, и правдина од нив бара. П.С. Чаки, дај го Спортот 16. Толовска Елена Ели Елена има голема мана, учењето и е слаба страна. Но, во љубовта нема мака, кога Даме ја сака. П.С. Кате имаме ли нешто за учење 17. Трајановски Иљчо Иле Иле многу ретко фаќа книга, школото е негова најмала брига. Сака сите оцени двојки да му бидат за професорите на полагање да не го видат. П.С. Ти се смеам на простоќата 18. Ќирковиќ Божидар Боби Боби во школо "седи", за изостаноци да не реди. Но има голема мака кога класната оправданија сака. П.С. Васе, кажи ја цената ОВА НЕ Е СЕ` ЗА НАС, НО... ЗАПАМЕТЕТЕ НЕ` КАКО НАЈДОБАР КЛАС. ХА, ХА, ХА... |
Анастасиески Симе
Благојевиќ Игор
Величковски Бранимир
Гиевска Маја
Голабовски Гоце
Денковиќ Никола
Делев Жарко
Дугалиќ Оливер
Илиевски Дејан
Јаниќ Дејан
Кикерковски Антонио
Марковска Катерина
Николов Марија
Стојкоски Бошко
Толовска Елена
Трајановски Иљчо



