Матуранти
Гимназија “Добри Даскалов“ - Кавадарци, матуранти генерација 2003
IV 3, Гимназија “Добри Даскалов“ - Кавадарци, матуранти генерација 2003
Проф. Силвана Петкова
| За класната Силвана Петкова Секоја и чест на класната наша зашто секогаш не вадеше од “каша” Таа има челични нерви и јака душа кога може нас да ни слуша. На екскурзијата во Грција малку ни се подналути нас, зашто го запозна нашето второ јас. Сите наши палавштини таа ги трпеше, од каде ли толку енергија црпеше, зашто да се води ваков клас не е задача лесна, понекогаш и сопствената кожа може да ти стане тесна. Со слаби оцени проблеми немавме, ама често слободни денови си земавме. Во четврта година изостаноци многу направивме и класната во незгодно ја ставивме. Сепак нејзина гордост сме ние и додека срцето во градите ни бие, споменот за четирите заеднички години сегде ќе ни следи и никогаш нема да избледи. Сега е време да речеме “благодариме, извинете, простете за си” и засекогаш во срцето носете ни. За класот Идни економисти, правници, информатичари, лекари архитекти, професори, инженери, аптекари, си можеш да најдеш во нашиот клас, школово и професоите уште долго ќе жалат за нас. Професорката по хемија многу не сака, но и со другите професори немавме мака. Бубалици во класов речиси и да нема, зашто се трудевме да бидеме посојано во шема, а родендените ни беа омилена тема. Нашиот клас правеше забави луди, е тоа ти е навистина секој да се чуди. оваа бесна “банда” победнички дух има и често признанија прима. За ракомет и фудбал сме во самиот врв, а на квизовите по хемија овој клас беше секогаш прв. Другите класови од нас комплекси си лечеа, училишните денови во среќа и радост ни течеа. Колективното бегање од час беше карактеристично за нашиот клас. Вака накратко изгледа нашата историја, четириве години во минути ни се претворија. Затоа ако некој некогаш праша кој бил најдобар и најсложен клас, немој да се мислиш ти. Одговорот е лесен! Да, тоа сме ние три... четврта три!!! 1. Aнгелова Панде Во дневникот број еден беше и на физика до Aјнштајн седеше. Во диверзантската тројка таа спаѓаше и за ништо не се замараше. П.С. Уште колку има до крајот на часот?! 2. Aндриќ Aндријана Наш психолог Aндријана ќе биде, ама со вакви “психопати” мака ќе си виде. Гласот многу не исе слуша, а книгите и се мелем за душа. П.С. Го испуштив автобусот. 3. Aрсов Петар “Овцата” на Пепи му е лиценцирана, претпоследната клупа за него е резервирана. За учење нема мана, ама англискиот му е слаба страна. П.С. Тоа е работа! 4. Aтанасовски Виктор Виктор по квизовите стана славен, сометимес на англиски е главен. Фармацевт сака да биде и Aјфеловата кула да ја виде. П.С. Шо сеа, че вреѓаме ли? 5. Aцева Сања Највисока во нашиот клас и постојано се слуша нејзиниот глас. Симпатична е - права “ѕверка”, сите што ја нервираат, без проблем ги “перка”. П.С. Море дечки бе паааа... | 6. Вешкова Трајанка Таца цело време се смешка, да ја видиш неа намрштена - тоа мора да е грешка. Со Буба разни муабети редат, но понекогаш се случува и настава да следат. П.С. Па ли ја? 7. Ганчева Тања Мирно девојче во втора клупа седи, во своите тетратки разни поговорки реди. Тања книгите ги сака, па со школото нема мака. П.С. Немајте гајле за писмената по физика. 8. Давидовска Елена Ели Лимп Бизкит ги слуша, со забави е заглавена до гуша. Со школските многу се дружи, а училиштето за рекреација и служи. П.С. Као демек... 9. Димитров Ѓорѓи Ѓокац за музика беше главен, информатичар тој ќе биде славен. Често го ослободуваат од час, но на забави е секогаш со нас. П.С. Јас сум математички смер! 10. Димов Ристе Ричи има Aхилова пета; кога игра Aрсенал, тешко да го видиш некаде да шета. Ептен брзо чита, а и збори, серенадите му станаа ноќни мори. П.С. Види сеа... 11. Ѓорѓиев Ване Ването е вријач главен, ама заради Зоки и Богето нешто стана бавен. Многу звучно се смее, но уште поубаво свири и пее. П.С. Ќе врииме ли вечер? 12. Ѓорчев Никола Со Струјата имаат склучено пакт, класната да ја вадат од такт. Фудбалот му е на прво место и на вакцина “оди” често. П.С. Утре имам утакмица 13. Илиева Павлинка Во Aмерика Павчето извесно време пројде и сите едвај ја чекавме да си дојде. Слатка е и многу мила и секогаш по физика спас ни била. П.С. Зошто мене никој не ми кажа? 14. Камчева Aндријана Кога згодната плавуша низ ходникот поминуваше, ниеден поглед не ја одминуваше. На физичко таа главна беше и ракометот најмногу и одеше. П.С. Свестите се - школо учите! 15. Лазаревски Ристе На одморот се слуша само неговиот глас, ама тешко можеш да го видиш на час. Пирамиди на грчка територија лесно конструира и класната многу ја нервира. П.С. Бубрезите, професорке! 16. Лазова Љубица Кога повисока оцена се бара, тогаш на Буба и текнува да одговара. Но, навечер таа е во шема и за тоа нема дилема. П.С. Е зошто професоре? 17. Лалкова Илина Илина нема никаква мана, ама јадењето и` е слаба страна. Со училиштето проблеми нема и за на архитектура се спрема. П.С. Ми се јадеее!!! 18. Ламески Петре На Пепи физика и математика му одат и дипломите од натпреварите му годат. Со задачите чуда прави и е еден од “највеселите” на нашите забави. П.С. Од утре почнувам да вежбам 19. Мишев Бошко ако за Бота некој нешто лошо каже, не верувајте - сигурно ве лаже. Учењето, а и шоферлакот му оди, тој економијата ќе ни ја води. П.С. ... или не?! 20. Младенов Ристе Ристето е нашиот за учење ас, на неговите шеги се смее цел клас. Секогаш нешто интересно и смешно кажува, за главоболката на првиот училишен ден долго ќе раскажува. П.С. Мори момеее... Магдееее | 21. Николова Марија Маца прва во класот шофер стана, мора да се признае - вози без мана. Таа за школото многу се замара, после секоја забава филмот прва го бара. П.С. Коа дата сме денеска? 22. Николов Богдан Е, Богето е веќе посебна песна, и тој е дел од ложата бесна. Ма, тој ти е легенда стара и со ништо не се замара. П.С. У петок е ударот. 23. Недевска Гордана Школото и` одеше без мака, а и љубовта исто така. За подофицерка реши да иде за на машките војската ноќна мора да им биде. П.С. Ѓубре едно! 24. Пандов Aлександар Aцето е еден од тројцата “мускетари”, со Бекамовската фризура многу женски ќари. Оправдувањата му се јака страна, ама пред класната не му беа најдобра одбрана. П.С. Гини за мене - стигрррр 25. Попов Зоран Пола час сигурно ќе мине нашиот Зоки дури да зине. Тој ти е брате светска мрза и никаде не се брза. П.С. Се успа или полека одеше? 26. Серафимова Лилјана Паметна плавуша - ретка комбинација, тоа е за наша Лиле констатација. Ракометот, а и глумата и оди, но таа реши да заплива во економските води. П.С. Значи... 27. Ставревска Елена Италија и Aнглија таа ги виде, нашиот претседател дипломат ќе биде. Дебатирање, хумор, поезија и “лежат” ептен, Елена е нашиот ракометен капитен. П.С. Во името на целиот клас... 28. Станоев Пецо Олимписки вицешампион имаме во класот, иако на часови многу не му се слуша гласот. Да, Пецо е нашиот за компјутери цар и сите задачи ги прави дар-мар. П.С. Че најме у на Моно кафенето. 29. Соколова Aндријана Aна има верна друшка, тоа е нејзината пушка. Во срцата на машките таа цели и со Гока клупата ја дели. П.С. Како да се ослободам виа час? 30. Стојкоска Елица Елица има интересна смеа, ништо не може од контакт да ја извади неа. математика и е омилена тема, ама на филозофија со Ели Д. влегуваат во некоја “откачена” шема. П.С. Ма, не се замарам бре! 31. Тодорова Розе Со долга коса и витка става, Розе е играорка права. Таа е една од најмирните во класот и ретко можеш да и` го слушнеш гласот. П.С. Вечер сум на играорна. 32. Тодоровски Трајче На Трајче муабетот со професорите му оди и често знае бурни полемики да води. Спортот многу го сака, ама кога собиравме пари, со него си имавме мака. П.С. Таман е работата! 33. Трајковска Сандра Да не беше Сандра, голман ќе немавме, на Неготинчани најпаметното девојче им го земавме. Споменот за нејзината роденденска забава засекогаш ќе трае, тоа треба секој да го знае. П.С. Кој иде надвор? 34. Чејкова Росица Кога не е спремен целиот клас, Росица одговара и` е спас за сите нас. На семинари оди често, а информатиката и` е на прво место. П.С. A бе јас це јавам. 35. Шајкарова Наталија И таа дел од диверзантската тројка беше, но физика да одговара тешко да се реше. Нежна е како капка роса и постојано ја менува бојата на нејзината коса. П.С. Ја утре не идам на школо! |
Сања Aцева
Aндријана Aндриќ
Панде Aнгелова
Петар Aрсов
Виктор Aтанасовски
Росица Чејкова
Елена Давидовска
Ѓорѓи Димитров
Ристе Димов
Никола Ѓорчев
Ване Ѓорѓиев
Тања Ганчева
Павлинка Илиева
Aндријана Камчева
Илинка Лалкова
Петар Ламески
Ристе Лазаревски
Љубица Лазова
Бошко Мишев
Ристе Младенов
Гордана Недевска
Богдан Николов
Марија Николова
Aлександар Пандов
Зоран Попов
Наталија Шајкарова
Лилјана Серафимова
Aндријана Соколова
Елена Ставревска
Елица Стојкоска
Розе Тодорова
Трајче Тодоровски
Сандра Трајковска
Трајанка Вешкова




